Бичиклиски: СДСМ немаше ниту еден проект и ниту еднаш не даде отчет за потрошените пари

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски на денешната прес-конференција посочи дека премиерот Никола Груевски во отчетот за сработеното говорел за реализацијата на 380 проекти и за почетокот на реализација на уште 470 дополнителни проекти.

„Премиерот Груевски, во пресот за отчетот, никаде не зборуваше за обезбедувањето на пижамите за пациентите во болниците, туку реферираше за новиот изграден аеродром во Скопје, за новите автобуси за градски превоз, за новите апарати и опрема во здравството, за новите лаборатории, за бесплатните учебници, зборуваше за ефтините кредити за компаниите на кои им ја субвенционираме и каматата, за историски највисоките субвенции за земјоделството во висина од околу 500 милиони евра, за Музејот на македонската револуционерна борба, говореше за изградбата на ХЕЦ Света Петка, за преносниот систем во РЕК Битола и за уште други над 380 реализирани проекти во целост и уште над 470 започнати, рече Бичиклиски“, одговорајќи на денешните критики од потпретседателот на СДСМ Зоран Јпванопвски.

СДСМ, како што истакна, додека беше на власт немаше ниту еден проект и ниту еднаш не даде отчет за потрошените пари.

„Сега се дава отчет, јавно и транспарентно, затоа што тоа е почит кон граѓаните, за тие да знаат дека 500 милиони евра се даваат за субвенции, дека 100 милиони евра се даваат за медицинска опрема и апарати, дека 46 милиони евра се даваат за автобуси, 60 милиони евра за лаборатории, 51 милиони евра за водоводи, 50 милиони евра за станови за социјално ранливи групи и за уште многу проекти“, истакна Бичиклиски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, им благодари на граѓаните за поддршката во реализацијата на 380 проекти и почетокот на реализација на уште 470 дополнителни проекти и дека во идниот период заедно со граѓаните ќе продолжат да работат за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

(ВИДЕО) Петрушевски: Македонија мора да функционира како правна држава