Бичиклиски: СДСМ камен на камен не остави од Центро

Од:

„Не излеговме пред некој објект на Центро, бидејќи од некогашен гигант СДСМ камен на камен не оставија. Оваа фирма беше меѓу првите која престана да работи во времето на Бранко Црвенковски. На улица, брутално беа избркани околу 1200 граѓани. Тоа се 1200 семејства кои преку ноќ беа отпуштени, а објектите на оваа фирма ги разграбаа моќниците блиски на СДСМ. Додека тие се богатеа, 1200 семејства едвај крај со крај врзуваа. Тоа се упропастени човечки животи“, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

„Слична судбина ги снајде и вработените од Славија, Рудници и Железарници Скопје, Треска Мебел, Фас 11 Октомври, Алумина, Стаклара, Газела, Црвена Звезда Скопје, Хемтекс, МЗТ, Комуна, Циглана, Типо, Стаклара…

„Се затворија и многу други фабрики низ цела Македонија, се затвори Чик Куманово, Порцеланка Велес, Рудник Злетово, Бентомак-Крива Паланка, Силика Гостивар, Анска Река Валандово, Предилница Битола, Жито Битола, Злетово Батерии, Киро Фетах, Микрон Прилеп, Илинденка, Тајмиште Кичево, Македонка Штип, Руен Кочани, Винојуг Гевгелија, Отекс Охрид, Етко Тетово“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?