Бичиклиски: СДСМ ги избрка сите инвеститори

Од:

„Фирмата Глендор Естејт Лимитед од Велс, во март 2004 во период кога СДСМ управуваше со државата, беше најавено дека ќе инвестира и ќе ја гради индустриската зона Бунарџик.

Цела една година Владата на СДСМ ја убедуваше јавноста дека Бунарџик се гради. Но таму работите тапкаа во место. Не се инвестираше ништо. Откако стана евидентно дека Владата на СДСМ отворено лаже, една година подоцна, во април 2005 година договорот со Глендор Естејт Лимитед беше раскинат. Велшаните што треба да ја основаат слободната економска си заминаа.

Медиумите пренесоа дека Глендор Естејт Лимитед биле лути затоа што работата сè уште тапка во место. Тие отворено цела година најавуваа за можноста да се повлечат од проектот и да си заминат од Македонија. Владата на СДСМ не направи ништо. Избрка уште еден инвеститор. Тоа Македонија ја чинеше пропаѓање на уште една голема странска инвестиција, губење на можноста на нови вработувања, раздвижување на економијата.

СДСМ со бркање на странски инвестиции и упропастување на можноста за нови вработувања ги штитеа своите финансиери и олигарси. Може само да се замисли колку вакви инвестиции си заминаа или ја заобиколија Македонија, поради неодговорниот однос на СДСМ.

Требаше СДСМ да си замине од власт, за да економската зона Бунарџик проработи“, рече Александар Бичиклиски на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“