Бичиклиски: Стив Наумов ќе има нова улица

Од:

„СДСМ денес го достигна дното. СДСМ и Андреј Петров дрско и безобразно лажат и навредуваат. Не се брише „Стив Наумов”. Тоа е неточно и СДСМ знаат дека свесно лажат.

Овој лик и херој добива нова и подолга улица во централното градско подрачје“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на протестот на опозицијата поради менување на имињата на улиците.

„Манипулацијата која што СДСМ ја прави со ликот „Стив Наумов” прво претставува злоупотреба на неговата величина како борец за Македонија, второ со оваа лага сакаат да си го оправдаат своето насилство и вандалско однесување кое што вчера беше применето во советот на град Скопје. Повторувам „Стив Наумов” не се брише туку овој херој добива нова подолга улица во општина Центар. СДСМ ако на овој начин мисли дека ќе се врати на власт со лаги, измислици и насилно однесување грубо грешат“, рече Бичиклиски.

„Не го делете народот. Во оваа Македонија има место за сите што ја сакаат и почитуваат“, порача Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он