Бичиклиски: СДСМ да каже каде ги трошеа парите

Од:

„Две недели, цели две недели СДСМ бега да одговори на прашањето каде завршуваа парите во нивно време кога не се градеше ништо!? Во СДСМ е вистинска штама по однос на ова прашање. А денес истите тие немаат одговор и молчат, замислете обвинуваат дека ние сме граделе.

Да ние градиме. Ова зад мене е нова катна гаража. Објектот е видлив, работата е мерлива, граѓаните може да видат каде одат нивните пари. Катната гаража ќе има два ката под земја и седум над површината, со 445 паркинг места. Инвестицијата е вредна околу 656 милиони денари“, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Бичиклиски наведе дека власта инвестира и во други проекти како тој за изградба на канализации и на водоводи во сите општини во вредност од 50 милиони евра.

„Во енергетиката се изврши рехабилитирање на турбините и генераторите во РЕК Битола, се изготви проект и се обезбедија средства за првиот ветерен парк, се изработија проекти и се обезбедени средства за Бошков мост и Луково поле, се рехабилитираат постоечките хидро централи, се изгради нов диспечерски центар, нова 400 киловолтна трафостаница во Штип и далековод до Бугарија, во завршна фаза е хидроцентралата Св. Петка и уште многу други проекти.

Се инвестира во образованието, се градат и реконстриаат училишта. Земјоделците ги добиваат ветените субвенции, само оваа година тие изнесуваат 130 000 000 евра“, рече Бичиклиски и повторно повика на одговор од СДСМ каде завршуваа парите во нивно време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?