Бичиклиски: Разликата во квалитетот помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна

Од:

Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека на граѓаните на Скопје им е потребен вреден и чесен градски татко, а не како што кажа тој, пијандура.

– Петре Шилегов е човекот кој на Скопје може да му понуди само едно големо ништо што е впрочем опус на целиот негов политички век досега. Петре Шилегов е свесен дека неговата партија на чело со неспособниот Зоран Заев е во тежок ендек дека пропаѓаат и свесни се дека им доаѓа крајот и затоа ги лажат граѓаните на градот Скопје. Граѓаните на Скопје ја знаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, ја знаат разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, рече Бичиклиски.

Тој додаде дека на градот му требаат стабилни и чесни луѓе, а не луѓе кои што ќе го претворат градот за 24 часа во паланка.

– На скопјани ќе им биде многу лесно на локалните избори. Разликата во квалитетот во помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна, заврши Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени