Бичиклиски: Кумановци немаат вода за пиење

Од:

Едно од главните ветувања на Зоран Дамјановски при добивањето на вториот градоначалнички мандат беше решавање на проблемот за вода за пиење.

После четири изминати години, не само што овој проблем не е решен,  општинското претпријатие  ЈП Водовод кое менаџира со водата во градот е пред банкрот, со огромни долгови, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

„Одговорноста за состојбите на водоводното кумановско претпријатие не е само на директорот кој е инаку кумашин на Дамјановски, туку одговорноста е лична на Зоран Дамјановски кој со години го толерира а со тоа и одобрува ова недомаќинско работење.

– Зоран Дамјановски на своја лична совест носи 120.000 кумановчани кои имаат проблем со вода за пиење и тоа во 21 век. И покрај тоа што кумановчани плаќаат најскапа вода во Македонија од 48 денари по кубен метар, оваа јавно претпријатие никогаш не работело со добивка“, вели Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ