Бичиклиски: Кандидатите на СДСМ за градоначалници немаат кредибилитет

Од:

Кандидатите за градоначалници од СДСМ немаат кредибилитет. СДСМ и на овие избори излезе со стари, потрошени кадри зад кои се провлекуваат низа афери и скандали, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски на денешната прес – конференција.

„Тој како поранешен директор на ЈП Исар од средствата за манипулативен трошок, кои што ги собира претпријатието од граѓаните на Штип, а кои се префрлаат за спортски намени, од вкупно 426.291 денари, дури 388.291 денари префрла на сметката на боречкиот клуб „Балканец“, каде лично Коцев е претседател, рече портпаролот на ВМРО-ДПМЕ, појаснувајќи оти за тоа не постои одлука на општината, туку се работи за лична одлука на Здравко Коцев, донесена во својство на ВД директор на ЈП Исар Штип.

– Останатите боречки клубови добиваат симболични износи од по само 2 илјади и 6 илјади денари, а само клубот на кандидатот за градоначалник на СДСМ добива 388.291 денари.

– Ова е скандал кој потврдува дека за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип Здравко Коцев приоритет се личните, а не интересите на граѓаните. Е сега овој човек, со вакви афери зад себе СДСМ повторно ни го нуди како решение да раководи со градот Штип“, истакна портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Алекснадар Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст