Бичиклиски: Јовановски лаже

Од:

„Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски лаже кога вели дека не се инвестира во другите градови во Република Македонија.Досега се извршени: реконструкција, санација и адаптација на 126 основни училишта и 65 средни училишта, доградби и надградби на 7 основни училишта и 4 средни училишта, како и санација и реконструкција на санитарните јазли во 345 основни училишта. Во 14 училишта е воведено топловодно греење. Се реализира проект за изградба на 21 училиште во селата низ Македонија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ , преку портпаролот Александар Бичиклиски.

Во изминатиот период, рече Бичиклиски, остварени се историски највисоките стапки на раст на БДП од 6,1% во 2007 и 5% во 2008. Заклучокот е јасен и недвосмислен. СДСМ во години на бум на светската економија оствари три пати помал раст на македонската економија во однос на ВМРО-ДПМНЕ во услови на економска криза.
„Бидејќи Зоран Јовановски е тазе во политиката, го повикуваме нека го праша Бранко Црвенковски зошто ниту едно училиште не реконструираше, зошто ниту една болница не опреми, зошто земјоделците ниту денар пара не добија, како поддршка и каде одеа парите додека СДСМ беше на Власт“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?