Бичиклиски: Дамјановски се фали со базен, а во Куманово нема вода за пиење

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција го нападна актуелниот градоначалник на Куманово и кандидат на СДСМ за истото место на локалните избори. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски рече дека Зоран Дамјановски се фали дека изградил една спортска сала и ќе почне со изградба на базен, а во Куманово сеуште не бил решен проблемот со вода за пиење.

„Тоа што Дамјановски се фали дека изградил дури една спортска сала и дека ќе почне да гради базен и дека со тоа ја раздвижил економијата е најдобра потврда дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ гради 145 училишни сали, 35 спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 повеќе наменски игралишта, и тоа како се помага во раздвижување на економијата. Нешто што СДСМ претходно упорно го напаѓаше“.

„Зоран Дамјановски цели два цели мандати не го решава проблемот за вода за пиење во Куманово! Граѓаните на Куманово во 21 век страдаат за вода како да се во 19 век“, рече Бичиклиски.

Според него Дамјановски не го решил ни проблемот со атмосферска канализација.

„Додека работниците трпат за плати, блиските до СДСМ во Куманово заработуваат на нивен грб. Општинските претпријатија имаат милионски долгови. Куманово паркинг е најголемиот загубар, а на вработените во администрацијата им доцнат платите.

– Како е можно Куманово паркинг да е сместено во простории под кирија, а деловните простории кој се во сопственост на ова претпријатие да се делат на членови на семејства на претседателката на СДСМ во Куманово Снежана Захариева и координаторката Марина Манојловска“, праша Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени