Бичиклиски: Дали лично се познавате со Магаш?

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски рече дека на прашањето со шверцот за нафта вчера Бранко Црвенковски ја покажал целата своја нервоза, конфузност и збунетост.

„Не е некој јубилеј, но Црвенковски цели 10 дена одбегнува конкретно да одговори на прашањата иницирани од признанието на Магаш дека Црвенковски и Фрчковски договарале и одобрувале шверц на нафта во деведесеттите години.

Јавноста воопшто не ја интересира дали Бранко Црвенковски мисли дека Магаш е угледен или неугледен криминалец. Јавноста не ја интересира дали интервјуто е дадено за локална или за национална телевизија, дали Магаш е од Босна или Србија, јавноста ја интересираат одговорите на прашањата кои Црвенковски упоро ги одбегнува“, изјави Бичиклиски.

Според него, во обид да се испере од одговорноста и да ја дефокусира темата Црвенковски прашувал зошто не се проверува документацијата на царината и на УЈП.

„Г-дине Црвенковски, зошто повторно го потценувате народот? Ако бил легален бизнис ќе го има во документацијата и на царината и во УЈП. Криминалот и шверцот се криминал и шверц токму затоа што се нелегални и ги нема во евиденцијата на државните органи. Вие сте ја злоупотребувале државната моќ за да не го евидентирате овој нелегален бизнис.

Се работи за криминал кој се одвивал надвор од институциите. Целта на секој криминал па и овој кој се одвивал под ваш патронат, според тврдењата на Магаш, е да остане незабележан, а не да биде евидентиран во Царина и УЈП!

Не го потценувајте народот. Не може да избегате од прашањата на кој сеуште чекаме одговор.

Одговорете конкретно, без манипулации и замајувања:

· Дали лично се познавете со Магаш?

· Колку пати се имаат сретнато и што конкретно сте се договарале?

· Колку цистерни биле пропуштени со шверцувана нафта?

· Кој се бил вклучен во овој криминал?

· Дали сте спремен да се соочите со одговорност поради таквиот криманал?

· Што вие лично имате добиено како награда од Магаш“, посочи Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски