Бичиклиски: Црвенковски ја испушти инвестицијата „Ауди“

Од:

„Ова зад мене е објектот каде во 1995-та година требаше да биде седиштето на светски познатиот автомобилски бренд Ауди, кој сакаше да отвори фабрика во Македонија. Оваа фабрика ќе вработеше најмалку 1000 работници. Но уште многу компании од оваа дејност во државава ќе продолжеа да работат и дополнително, поради таа инвестиција во Македонија, веројатно ќе дојдеа уште многу други деловни партнери на Ауди и банки кои што ќе го поддржуваа нивното работење. Тоа ќе значеше илјадници нови работни места“.

Ова на прес конференција го кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ според кого неуспехот да влезе Ауди во Македонија било поради тоа што Владата на Црвенковски, од германската компанија барала дополнителни милионски провизии.

„Пропуштена е можноста за вработување на над илјада македонски граѓани, пропуштена е можноста за индиректно ангажирање на десетина илјади други работници и за пораст на економијата.

Ауди наместо во Македонија отвора фабрика за возила во Хрватска.

Неповратно е пропуштена таа можност.

Колку ли вакви и поголеми инвестиции пропушти Бранко Црвенковски!?

Наместо да се занимава со привлекување на странски инвестиции во државата кога сите околни држави го правеа тоа, Бранко Црвенковски и неговата влада се занимаваше со приватизација и со грабеж на општествениот имот и државните фабрики“, рече Бичиклиски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?