Бичиклиски: Црвенковски истото го зборува 20 години

Од:

Бранко Црвенковски истото што го зборуваше во 2002 година, истото што го зборуваше во 2010 година го зборува и сега. Нема развој, нема нови идеи, нема проекти, нема програма и визија. Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерот СДСМ кој на прес конференција го соопшти Александар Бичиклиски.
„Бранко нема одговор на потребите на граѓаните. Единствено си го повторува истото тоа што го зборува 20 години.

Бранко одржува ист говор полн со демагогија и без конкретни ставови и предлози за било кое прашање. Ништо не се менува.
Главната причина за ова е фактот што Бранко Црвенковски е истрошен политичар.
Разликата е во тоа што тогаш граѓаните му поверуваа на празните зборови, а сега знаат дека тој ги лаже.
Овој човек нема одговори на најважните прашања: Каде одеа парите додека тој беше на власт а кога не се градеше ништо. Овој човек нема ниту јасен став за името, за економијата, за клучните области. Нема програма и план. Она што му остана се само празните зборови“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ