Бичиклиски: Црвенковски да им се извини на крушевчани

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го повика партиското раководство на СДСМ, кое во рамки на „Работното лето“ е во Крушево, да им објасни на крушевчани како успеале да ги доведат до работ на егзистенција.

„Во време на мандатите на Црвенковски и СДСМ се урниса целокупното крушевско стопанство. Не остави ниту една фирма, а на улица останаа стотици вработени. СДСМ и Бранко Црвенковски како ќе им погледнат во очи на вработените во крушевската стаклара, која прва настрада од неговата трансформација, а потоа следеа и текстилниот комбинат Илинденка со над 300 вработени и Жито Крушево и Крушевската Златара со над 80 вработени“, рече на прес-конференција партискиот портпарол, Александар Бичиклиски.

Црвенковски и СДСМ, рече Бичиклиски, се должни да се извинат пред граѓаните на Крушево затоа што ја уништиле перспективата на градот.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“