Бичиклиски: „Бранко вели „реки народ“, а едвај собрале 4.000

Од:

„20 години го гледаме истиот СДСМ, па, така и вчера Црвенковски го кажа она што го зборува 20 години“, вака ВМРО-ДПМНЕ го оценува митингот на СДСМ во Струмица.

„Бранко вели „реки народ“, а едвај собрале 4.000 лица, од кои 2.000 ги донеле на сила од Кавадарци, Неготино, Радовиш, со точно 45 автобуси, а другите 2.000 под притисок од школите, комуналните претпријатија под контрола на Заев“, оцени на прес-конференција, портпаролот Александар Бичиклиски.

Според ВМРО- ДПМНЕ деновиве на виделина излегле неколку нови негативни феномени, кои покажуваат дека СДСМ не се променила, ниту, пак, дека нејзините челни луѓе можат да се променат.

„Замислете после 20 години во политиката и просечна животна старост од 45 години, тие се фалат дека прв пат отишле во село и дека прв пат јаделе компир манџа. Ова е доказ за елитизмот на СДСМ, дури и кога им одат дома со вакви изјави ги навредуваат луѓето. Ги потценуваат дури и сопствените членови каде го поминуваат денот, заборавајќи да им кажат во колку квадрати и каде се тие живеат“, изјави Бичиклиски.

„Бранко Црвенковски, кажа во еуфорија и драматика дека ова лето нема да си отидат дома. И знаете што се случи? За само еден саат после митингот, Бранко Црвенковски замина директно за Скопје.Еден саат не му држеше зборот. И ова е дволичност и потценување базирано на една стара реторика, која не кажува ништо конкретно туку само користи бледи фрази“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?