Бичиклиски: Бранко да каже каде отидоа парите од шверцот со нафта

Од:

„Љубомир Магаш, човек од криминалното подземје кој лично учествувал во шверцот со нафта даде изјава во која ги посочи Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски за луѓе со кои го правеле, одобрувале и спроведувале шверцот со нафта, во девдедесеттите“, рече на прес конференција, Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Бичиклиски, ова е запрепастувачко прво јавно признание на човек кој бил вклучен во тој шверц, а со кое се посочува државното раководство на чело со Црвенковски, за организатор на овој криминал.

„Љубомир Магаш изјави, цитирам : Во Македонија во тоа време беа Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски и без нивна соработка не беше возможно да го изведеме шверцот.

Нема бегање од ова. Ова не смее да помине незабележано. Во ова признание по име и презиме се посочени Бранко Црвенковски, премиер на Македонија, и Љубомир Фрчковски, министер во неговата влада дека правеле шверц. Дека правеле криминал, дека ја краделе државата. Ова е скандал од големи размери.

Тарифата на Бранко, според признанието на Магаш била 25 фенинга од прошверцувано литро нафта.

Колку ли само литри нафта биле прошверцувани и колку ли само пари биле испрани?

Бранко Црвенковски треба да одговори: за колкав шверц станува збор, колку цистерни пуштаа низ границите и кој се се богатеше, додека народот го осиромашуваа и го ограбуваа?

Бранко треба да каже во кои џебови отидоа парите од шверцот на нафта? Со име и со презиме, без политиканство и обиди за забошотување на темата.

На кои банкарски сметки завршуваа овие црни пари? За колкава сума станува збор?

Освен Црвенковски и Фрчковски, кој се бил вклучен во ваквиот шверц? Дали од тука се финансираше СДСМ, дали од овие пари настанаа десетиците олигарси на СДСМ“, рече Бичиклиски.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор