Бичиклиски: Бранко Црвенковски ништо добро не направи за Неготино

Од:

„Деновиве СДСМ ги повикува граѓаните од Неготино да кренaт глас за да СДСМ повторно се врати на власт.

Наместо однапред договорени посети на партиските членови, Бранко Црвенковски треба да ги посети обичните граѓани од Неготино и да им објасни како се случи:

Во времето кога со државата владееше СДСМ во Неготино да пропаднат скоро сите државни фирми и претпријатија? Како се случи да замре индустријата, замјоделството и трговијата“

Ова на прес конференција го кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски кој го повика Црвенковски да ги посети поранешните вработени од фабриката за Кабли 9 Мај Неготино, каде 800 луѓе останале без работа во негово време и нив да им кажел да кренaт глас за да СДСМ повторно се врати на власт.

„Бранко Црвенковски нека им објасни како се случи да се затвори и упропасти Јадран Неготино каде без работа останаа 150 луѓе, Југотутун Моша Пијаде Неготино каде 70 работници останаа без работа, како и Фабрика Македонија каде без работа останаа 150 луѓе? Одговорноста за упропастената судбина, за донесувањето до банкрот на овие семејства е на Бранко Црвенковски и СДСМ.

СДСМ од земјоделците правеше социјални случаи. Тие на нивната мака се богатеа и правеа криминал.

Тие се должни да им објаснат на неготинчани зошто денар пара субвенции не добиваа кога СДСМ беше на власт.

Како се случи во време на СДСМ да се упропасти агрокомбинатот ЗИК Повардарие Неготино- од гигант да се претвори во загубар.

Денес од трговските фирми Пролетер Неготино, Вардар Промет Неготино и Тиквеш угостителство Неготино нема ништо – без работа останаа околу 450 луѓе. Ова се делата на СДСМ.

Бранко Црвенковски ништо добро не направи за Неготино. Со кое ли само лице и образ се појавува пред овие луѓе.

Бранко Црвенковки и СДСМ не само што затвораа фабрики и отпуштаа луѓе од работа, тие незнаат да одговорат каде се трошеа парите во нивно време. Е зошто било така, Црвенковски треба да им каже на луѓето од Неготино“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он