Безживотното тело најдено вчера е на Сириец кој имал фалсификувани шпански документи

Од:

Државјанин (32) на Сирија е човекот чие безживотно тело беше најдено вчера на Шар Планина над селото Вејце на пат кон планинскот врв Кобилица, соопшти денеска СВР Тетово.

Тетовската полиција информираше дека при увидот, било утврдено дека најверојатно станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М.Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат.

– Вчера околу 11:00 часот, планинар од тетовско планинарско друштво, кое се движело на тој терен, во СВР Тетово пријавил дека над тетовското село Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело. Потоа екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина со хеликоптер на МВР се упатиле на местото и извршиле увид, при што била констатирана смрт без траги на насилство, наведоа од СВР Тетово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес