Безживотно тело на маж пронајдено во трафостаница на ЕВН

Од:

Безживотно тело на маж вчера утро било пронајдено во подземна трафостаница на ЕВН во близина на МОБ.

Како што соопшти МВР З.Г. (49) од Скопје вработен во ЕВН вчера во 8:53 часот во Единицата за известување и команда Скопје пријавил дека во подземна вклучена 10 КВ трафостаница на ЕВН Македонија, лоцирана во непосредна близина на Македонска опера и балет, пронашол безживотно тело на непознато машко лице.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.

Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип