Безжичен интернет во автобусите на ЈСП преку SunWireless

Од:

Oператорoт за безжичен интернет SunWireless и Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) – Скопје склучија партнерски договор со кој ќе биде овозможено користењето на безжичен интернет во автобусите на ЈСП.

Сите патници во автобусите на ЈСП за време на нивното патување ќе имаат можност да користат брз и стабилен безжичен интернет од овој оператор.

Со овој договор се предвидува да се обезбедат со безжичен интернет од SunWireless сите автобуси на ЈСП-Скопје, а веќе со сервис се обезбедени 10-тина автобуси.

SunWireless е водечки провајдер на безжичен интернет во Република Македонија, присутен е во повеќе од 14 градови и региони низ Републиката со повеќе од 500 Ви-фи хот зони.

SunWireless ги опслужува аеродромите на ТАВ, градската автобуска станица, најголемите македонски хотели  студентските домови, ексклузивни ресторани, кафе-барови и многу други атрактивни локации.

SunWireless партнерски соработува со низа домашни и странски провајдери вклучувајќи ги и ОНЕ, Боинго, и Пасс и Скајп со кои активно работи на повеќе проекти и договори како што е и случајот со овој каде интернетот е обезбеден во соработка со ОНЕ.

SunWireless обезбедува мобилност во преносот на податоци со различни при-пејд и пост-пејд можности кои се дизајнирани за да ги задоволат потребите на клиентите.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски