Бездомните кучиња во Кочани се третираат нехумано, реагираат активистите за заштита на животните

Од:

Нехумано се третираат бездомните кучиња што се заловуваат во Кочани, без да се почитуваат законските одредби, обвинија на денешната прес-конференција активистите од Здружението за заштита на животните „Втора шанса“. Според нив, поголем број животни се чуваат во заеднички кафези, се оставаат без вода и храна, па често се случува да пцовисаат.

– Заловувањето на кучињата од улиците го врши оператор од Куманово кому му е истечен договорот за давање на услугата, а доставил фактури за извршено вакцинирање, иако кучињата биле еутаназирани. Ниту едно куче што било третирано нема маркица за кастрација, стерилизација и вакцинација, ниту пак е вратено во реонот каде што е заловено, истакна Александра Арсова, активист во Здружението.

Активистите за заштита на животните покажаа фотографии од пцовисани кучиња, а доставиле и пријава за несоодветниот превоз на заловените животни. Нивна проценка е дека во Кочани има околу 200 бездомни кучиња, од кои дел се донесени од други градови каде работи истиот оператор.

Од Здружението „Втора шанса“ побараа Општина Кочани да овозможи услови за отворање стационар со ветеринар и доволен простор за згрижување на заловените кучиња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот