„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење

Од:

Преку системот „Безбеден град“ за една недела бил регистриран 4 991 сообраќаен прекршок, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во периодот од 2 до 8 февруари, од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистриран е вкупно 4 991 прекршок. Од тој број, 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената, 4 674, потоа за минување на затворен сигнал – црвено светло – 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци, информираа од МВР.

Оттаму додадоа дека изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 за „минување на црвено светло“, а 125 за „брзо возење“.

– Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење, толерирани се 22 434 возила, појаснија од МВР.

Уште еднаш се апелираше да се почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заедно да се придонесе за посигурни и побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ – од нив 18.172 за брзо возење

А1он

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на граѓаните

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“