Без заклучок средбата на иницијаторите за стопирање на законот за учебници со претставниците на МОН

Од:

Без заклучок заврши средбата на претставници на фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“ со претставници на Министерството за образование и наука, на која тие го образложија нивното барање да се стопира носењето на новиот закон за учебници во основно и средно образование, за што од минатиот четврток повикуваат и на бојкот на наставата.

Драгана Спасевска по средбата, на која биле тројца претставници од МОН, но не и министерката Мила Царовска, изјави дека тие не биле компетентни за сите нивни барања и дека треба да бидат вклучени и претставници од Бирото за развој на образованието и од СОНК. Им било кажано, рече таа, дека откако ќе се консултураат со нив, одново ќе ги поканат од понеделник на средба. Дотогаш бојкотот го ставаат во мирување, но ќе протестираат доколку нема средба или не им се исполнат барањата.

– Имавме конструктивна средба со МОН, но претставниците не беа компетентни да ни одговорат на сите точки. Требаше да има и од БРО и СОНК. Одлучивме дека до идната недела ќе ги разгледаат нашите барања – да се стопира овој закон, да се отвори јавна дебата и ние да бидеме инволвирани во новите реформи, за кои е јасно дека се повеќе од потребни. Очекуваме повторно да не повикаат со комплетен тим од сите сектори и јасно и гласно да ни кажат дали ќе се прекине со овој закон. Даваме термин до почетокот на идната недела да одговорат, во спротивно одиме на протести и на граѓанска иницијатива за стопирање на предлог-законот, рече Спасевска.

Фејсбук-групата има над 70 000 приврзаници и од минатиот четврток повикува на бојкот на наставата. Тие бараат хартиените учебници да останат во употреба за сите одделенија во основното и средното образование и задолжително нивни претставници и од граѓанскиот сектор да учествуваат во работна група за измени во Законот.

Покрај ова, имаат и други барања – да се исклучи сеопфатно родово сензитивно образование за основците, Етика на регилигиите да остане изборен предмет, да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден, да се аргументира кратењето на фондот на часови по одредени предмети, да се создадат соодветни услови за инклузија на децата со попреченост и да се креираат протоколи за настава со физичко присуство во услови на пандемија.

Спасевска додаде дека до повикот за нова средба на почетокот од идната недела, бојкотот ќе го стават во мирување.

Демантираше и дека зад нивните барања стои опозициска или која било политичка партија и дека нивната иницијатива е, како што рече, само гласот на родителите.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови