Без воопшто да знае, дедо Благоја на 95 години прележа Ковид-19

Од:

Благоја Касапов од Скопје набрзо ќе полни 95 години. Витамини и минерали никогаш не пиел, освен витамин Ц, кој го пие со неговата редовна терапија поради проблемите со срцето.

Токму дедо Благоја и неговата сопруга, 93 годишната баба Милица, се примери дека кога станува збор за коронавирусот, очигледно нема правила. Тој го прележал коронавирусот со благи симптоми, без воопшто да знае, а тоа го дознал дури откако направил тест за антитела, кој покажал вредност 34, што е навистина висока.

Пред извесно време му се јавил неговиот матичен доктор за да го праша дали сака да биде ставен на листата за вакцинација, но кога слушнал колкав број антитела има дедо Благоја, констатирал дека тоа е речиси исто како да ја примил вакцината против Ковид-19.

Тестот за антитела на дедо Благоја

„Лани кон крајот на ноември почна да чувствува слабост, одбиваше да јаде, едноставно не се чувствуваше добро. Но, мислевме дека тоа е поради годините, на крај памет не ни беше дека станува збор за корона, бидејќи тие не излегуваа, а и ние се пазевме, немавме никакви контакти и ги почитувавме сите мерки. Потоа и јас развив симптоми, се тестирав и бев позитивна, па се изолиравме во различни соби и моето лекување траеше еден месец. Полека, сите се опоравивме, а на татко ми му се врати силата. После ова, решив да проверам антитела, и кај мене и кај татко ми. Се испостави дека неговата вредност на антитела е многу повисока од мојата и фактички така дознавме дека и тој го прележал коронавирусот“, раскажува неговата ќерка Елизабета за „А1он“.

Сега дедо Благоја и неговата сопруга Милица се чувствуваат добро, толку колку што дозволуваат нивните години. На нашето прашање на што се должи нивната долговечност и доброто здравје, таа низ смеа ни вели: „Тие знаат да си се опуштат, да си се напијат ракија, да си јадат чварки. Не се оптеретени со пиење витамини и минерали. Едноставно, нема правила“.

На фотографијата погоре дедо Благоја и баба Милица се сликани на Бадник годинава, по прележаниот Ковид-19.

Редакцијата на „А1он“ им посакува добро здравје уште многу долго време.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски