Без вода кавадарачките села Бојанчиште и Куманичево

Од:

Несовесни лица по шести пат направиле штети врз објектите на водоводната линија за кавадаречките села Бојанчиште и Куманичево. Поради тоа, во моментов жителите на овие села се без вода за пиење, информираше денеска Марјан Прескакулев, раководител во Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.

Тој појасни дека всушност се работи за оштетување на воздушните вентили на водоводната линија, со која водата за пиење се носи дваесетина километри до таму, од планината Кожуф.

– Апелираме до граѓаните да се престане со ваквото несовесно однесување на поединци. Наши екипи веднаш пристапија кон санирање на направените штети на водоводната линија. Интензивно се работи на терен, истакна Прескакулев, кој е раководител на организациската единица за водовод и канализација при претпријатието.

Прескакулев рече дека се очекува во текот на утрешниот ден да се нормализира водоснабдувањето во овие две села.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат