Без вода дел од Гази Баба и Ѓорче Петров

Од:

Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците во Гази Баба и во населба Ѓорче Петров.

-Поради уличен дефект на ф-100м на улица „Сава Михајлов“ 5а во Гази Баба, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Сава Михајлов“ , „Тодор Чопов“, „Тодор Ецов“ и „Константин Петровиќ“. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на активностите, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Пради уличен дефект ф-80 мм на улица „Андреа Зограф 20б“ во Ѓорче Петров, прекин на водоснабдувањето има кај корисниците од улиците „Андреа Зограф“, „Борис Сарафов“, „Црногорска“, „Беас Куле“, „Љубин“ и улица „Гостиварска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат