Без струја утре повеќе делови од Скопје

Од:

Без снабдување со електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Аеродром, Петровец, Сарај, Чаир и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК.

Прекин во снабдувањето од 8.30 до 10.30 часот ќе имаат корисниците од улицата „Ѓорѓи Скрижевски“ во општина Центар, од 8.30 до 14.00 часот, корисниците од улицата Божин Николовски – Силни во општина Аеродром, а во периодот од 8.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата „1“ во село Огњанци во општина Петровец.

Без струја утре во периодот од 9.00 до 14.00 часот, ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, општина Сарај, од 9.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата „Мегленска“ во општина Кисела Вода, и дел од корисниците од улицата Славеј Планина во општина Чаир, во периодот од 10.00 до 11.00 часот, делови од подулиците бр.24 и бр.60 во село Волково, општина Ѓорче Петров, во периодот од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ, во истата општина, во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Волково, исто така во Ѓорче Петров.

Во истата општина во периодот од 11.15 до 12.15 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Знеполе“ 

Во периодот од 12.30 до 15.30 часот, прекин во електроснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од село Кондово во општина Сарај и во периодот од 14.00 до 14.30 часот,  корисниците од улицата „3“ во село Огњанци во општина општина Петровец.

Би можело да ве интересира

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ