Без струја утре поголем дел од Гевгелија и околината

Од:

Поголем дел од корисниците на електрична енергија во градот Гевгелија и околните населени места утре 10 часа ќе немаат струја поради изведување неопходни инвестициски зафати за подобрување на електро-мрежата.

Од гевгелиски ЕВН денеска соопштија дека во времето од 7 до 17 часот без електрично напојување ќе бидат фабриките во индустриската зона во северниот дел од градот Гевгелија и корисниците на булеварот „Гевгелија“ улиците „Маршал Тито“, „7 Ноември“, „Ристо Фршинин“ и „Илија Миов“, како и хотел казиното „Аполонија“.

Во околината на градот, утре прекин во електроснабдувањето ќе има во село Мрзенци, индустриската зона „Блокотехна“, оранжериите кај селото Прдејци, хотел казиното „Принцес“ и бензинската пумпа „Шимов“ на граничниот премин Богородица. Без струја, исто така, ќе бидат и сите индустриски корисници на излезот од Гевгелија кон селото Моин, вклучително и селата Моин и Ново Конско.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ