Без струја утре делови од Карпош, Чаир, Драчево и Долно Соње, без вода населбата Усје

Од:

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре од 8 до 15 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Кемал Сејфула“ и „Џон Кенеди“ во општина Чаир, а од 9 до 11 часот дел од улицата „Малешевска“ во населба Драчево.

Според информациите од ЕВН Македонија, од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од улицата „Козле“, подулица бр.1, а од 10:30 до 13:30 часот улицата „Букурешка“ од бр. 97 до бр. 115 и улица „Прашка“„ од бр. 44 до бр. 78 во општина Карпош.

Од 11 до 13 часот утре без струја ќе биде и дел од улицата „12“ во Долно Соње.

Според информации од „Водовод и канализација“ утре од 9:30 часот без вода ќе бидат корисниците од населбата Усје поради активности на приклучок на водоводната мрежа со пречник од ф-150 милиметри на ул. „Борис Трајковски“ б.б.

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ