Без струја утре делови од Центар, Сарај и Шуто Оризари

Од:

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат делови од Центар, Сарај и Шуто Оризари, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците во околината на Ресторанот Опатија во Градскиот парк во општина Центар, а во истиот временски период прекин во снабдувањето со електричната енергија ќе имаат жителите од селата Долна Матка, Горна Матка, Глумово и Шишево во општина Сарај.

Без струја во истиот период од 9:00 до 15:00 ќе бидат корисниците од ул. Дринска, ул. Вашинтонгска, ул. Нов Живот и ул. Виничка во општина општина Шуто Оризари.

Во периодот, пак, од 11:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од ул. Киро Крстевски Платник, дел ул. Коле Неделковски-кај поликлиника Идадија, и ул.Златко Шнајдер во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час