Без струја утре делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

Од:

Заради закажани технички зафати утре без струја ќе бидат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров, информираат од РЦУК Скопје.

Од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул.Тодор Чангов ул.21 и околните улици, а од 08:30 до 11:00 часот корисниците од ул.Мите Богоевски (бр.10, 12 и 14) во општина Аеродром.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од населбата Момин поток кон Мотоцентар во општина Карпош.

Од РЦУК Скопје информираат дека од 08:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Никиштане, а од 09:00 до 10:00 часот и дел од село Орман во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата