Без струја и вода повеќе скопски улици и села

Од:

Без струја утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците  од село Сопиште, делот од новиот кружен тек до црквиата.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 9:30 до 13:30 часот ќе останат корисниците од село Кучково на главен пат, од 10 до 11:30 часот корисниците од улицата „Орце Николов“ број 157 влез 1 и од 10 до 15 часот корисниците од улицата „Мечкин Камен“.

Од РЦУК информираат дека утре од 9:30 часот, без вода ќе останат корисниците од улицата „Даме Груев“.

Прекинот е поради уличен дефект со профил ф-80мм на улицата „Даме Груев“ (пред Државен завод за статистика), на потегот од улицата „Македонија“ до улицата „11-ти Октомври“. Прекинот со водоснабдување ќе биде се до санирање на дефектот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија