Без струја делови од Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани

Од:

Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, електрична енергија од 9 до 14 часот ќе немаат корисници од делови од улиците „Есперанто“ и „Мраморец“ во општина Ѓорче Петров, соопшти Регионалениот центар за управување со кризи по известување од „ЕВН Македонија“.

Во општина Ѓорче Петров од 8.30 до 11 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од Караула „Чашка“, Геолошки силекс и село Грачани, викенд-населбата Веле Поле и село Кучково.

Од 11:30 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од дел од село Љубин и Водовод во село Кондово во општина Сарај, а од 9 до 15 часот корисниците од село Батинци – улиците „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници