Без поголеми нарушувања на јавниот ред на на плоштадот „Македонија“ во Скопје

Од:

За време на пречекот на Новата година синоќа, на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде присуствуваа повеќе илјади граѓани, безбедносната состојба беше стабилна, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир и без поголеми инциденти, соопшти денеска МВР.

Регистрирани се помали нарушувања, како што е користење на разни пиротехнички средства од страна на непознати лица што и претходните години се случувало за времетраењето на прославувањето при дочек на Новата година на плоштадот. Други нарушувања на јавниот ред и мир или вршење на други казниви поведенија не се регистрирани.

За безбедното одржување на прославата од страна на СВР Скопје претходно бил изготвен План за обезбедување со конкретни мерки и активности кои би се превземале при евентуално нарушување на јавниот ред и мир врз основа на кој беа ангажирани  соодветен број униформирани полициски службеници.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски