Без опозиција, власта ќе го формира Универзитетот „Дамјан Груев“

Од:

Во Законодавниот дом, денеска без опозиција во салата, власта ќе дебатира и ќе гласа за Предлогот за основање нов Универзитет во Скопје „Дамјан Груев“.

По скратена постапка и дополнет со три факултети Предлогот влегува повторно во Собранието.
Од СДСМ велат дека предлогот влегува во процедура додека тие ги имаат замрзнато активностите во Собранието и за нив ова е незаконско работење.За СДСМ, новиот Универзитет ќе се отвори само за вработување на нови партиски кадри. Тие прашаа како без предвиден буџет ќе се основа новиот универзитет.
Иако во предлог-законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“ нема приложено колкава сума на пари ќе се одвои од буџетот на државата, сепак од владејачката партија велат дека пари за Универзитетот има, а како една од причините за отворањето на новиот Универзитетот е за да се спречи монополот кој го има најстариот универзитет во државата Свети Кирил и Методиј.
Вчера без учество на опозицијата, по скратена постапка беа изгласани вкупно 9 закони. Од опозицијата се со со став дека нема да се вратат во Собранието се додека Уставниот суд не одлучи за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, и за предложените измени и дополнувања на законите за земјоделство и рурален развој, за полиција, за внатрешни работи, за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување и за минерални суровини, по скратена постапка, а ќе заседаваат и 5 комисии

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска