Без консултација со партнерите од НАТО дадена е согласност за државјанството на Онишченко, АНБ ја лоцираше одговрноста кај поединец

Од:

Последното ниво на проверка, консултацијата со партнерите во НАТО алијансата не било направено и тоа е пропуст на поединец. Вака директорот на АНБ, Виктор Димовски објасни како се случило контроверзниот украински бизнисмен Олександар Онишченко да го помине филтерот на Агенцијата и добил македонско државјанство.

Димовски пред медимите објаснуваше дека АНБ споревле истрага и дошла до овој заклучок. Додава дека ќе се утврдува дали е пропуст, дали има и други вакви случаи, дали се работи за лукративен интерес и вели дека според закаонот ќе се види дали ќе има дисциплинска постапка или и кривична одговорност.

-Во АНБ се преземени колку мерки бидејќи е лоциран поединецот кој што го ставил потписот, за утврдување на одговорноста. Ипситуваме дали се работи за изолиран случај или некој друг предмет. Не сакаме заради ваков предмет, она што е сторено со макотрпна работа во изминатите три години, да се повтори лошата слика за делувањето на АНБ во претходните 15 години. Лицето и евентуално инволвирани во случајот ќе подложат на законски мерки. Сега треба да се утврди дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ќе го откриеме тоа и нема да застанеме, додаде Димовски по прекинот на седницата на собраниската Комисија на која реферираше за давањето држајванство на Украинецот.

Седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ на која Димовски реферираше за случајот Онишченко беше прекината откако се испостави дека дел од седницата која требаше да биде затворена одела на јутуб каналот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Обвинителството почна постапка против Бојан Христовски по анонимна кривична пријава

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира

Влада ќе ја чека одлуката на Антикорупциска за случајот со Бојан Христовски

Катерина Ѓуровски

Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски, зошто МВР нема поднесено пријава реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Удбашко шпионските структури во СДС се плашат и фабрикуваат случаи, тие ја партизираа АНБ

Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски