Без електрична енергија утре некои делови во Центар, Гази Баба, Карпош и Студеничани

Од:

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека денеска без електрична енергија ќе останат некои делови од општините Центар, Гази Баба, Студеничани и Карпош.

Во периодот од 08.30 до 12.30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Сингелиќ.

Во периодот од 08.30 до 13.30 часот, корисниците од улиците Алберт Ајнштајн и Андон Дуков, од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Христо Смирненски бр.49. во општина Центар.

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од село Батинци во општина Студеничани.

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 12 во село Бардовци, додека во периодот од 09.30 до 13.30 часот, дел од корисниците од населба Керамидница, како и објектите кон Автогума во општинаГази Баба.

Без струја во периодот од 11.00 до 15.00 часот, ќе останат и корисниците од ул. Драгувити во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски