Бетијан Китев: Стравот што го чувствуваат од ВМРО-ДПМНЕ нема да им ги наполни празните фрижидери

Од:

Бетијан Китев, најмладиот кандидат на опозицискиот блок за градоначалничката функција во Кавадарци, вели дека се нафатил за трката во март, поради цеолосната атрофија на Кавадарци.

Китев вели дека власта не ги исполнила ветувањата во Кавадарци- градот кој според него со години се соочува и не ги решава клучните проблеми-запоставената младина, лозарите и невработеноста.

„Денеска граѓаните треба да поминат 10 врати за да го кажат нивниот проблем, тоа мора да се смени. Јас сакам зајакнување на кадровскиот потенцијал, на целиот кавадаречки потенцијал, нови работни места и релаксирање на политичката состојба, зашто таа е релативно влошена по овие години на власт на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Градоначалникот не е полициска функција, не треба да има реваншизам и ако се промени власта, нема да има“, вели Китев.

Тој до жителите на Кавадарци порача дека треба да се ослободат од стравот кој го создава власта.

„Стравот што го чувствуваат од ВМРО-ДПМНЕ нема да им ги наполни празните фрижидери. ВМРО-ДПМНЕ го подели народот во Кавадарци, на овие избори тоа треба да се промени“, вели Китев.

„Долги години кавадарчани мака мачат со неисплатеното грозје, и долги години не успеаа проблемот и да го решат, имаа шанса ама не ја искористсија, беа дадени многу ветувања, но во перидот до денеска нема конкретни резултати“, вели Китев.

Повеќе од видеото со Бетијан Китев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива