Бесплатно здравство, вработувања, парична помош за бранителите

Од:

Бесплатно здравство, вработување, стан под закуп, еднократна парична помош, семејна пензија, ова се правата кои бранителите ќе ги добијат со Законот кој го предлага пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот кој има за цел регулирање на посебните социјални права кои им се уставно загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Република Македонија, предвидува остварување на посебните и социјалните права на припадниците на безбедносните сили, што ќе претставува морална и материјална сатисфакција за претрпените страдања и болки од воениот конфликт во 2001 година.

Децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет, имаат предност при запишување во државни средни училишта, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили според предложениот закон, има право на еднократен паричен надоместок за претрпени душевни болки поради смрт на блиско лице, во висина од 50 просечни плати остварени во Македонија во месецот кога настапила смртта на припадникот на безбедносните сили.

Право на станбено згрижување, пак, ќе имаат воените инвалиди од I до VII група (100% до 50%) воен инвалидитет и членовите на семејството кои живееле во заедничко домаќинство со загинат или починат припадник на безбедносните сили и кои на територијата на Македонија немаат во сопственост стан или куќа, ниту користат под закуп стан во сопственост на Македонија.Висината, пак на еднократниот паричен надомест се одредува пропорционално според утврдениот процент на воен инвалидитет и просечната плата остварена во Република Македонија во месецот кога настанал воениот инвалидитет.

Предлогот ќе влезе во собраниска процедува веднаш по завршување на летниот одмор на пратениците.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст