Бесплатно бањско лекување за уште 1.400 пензионери

Од:

Во периодот септември-октомври годинава уште 1.400 пензионери ќе можат да одат на бесплатно бањско лекување, соопшти денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

На средбата со членовите на Сојузот на пензионери на Македонија, Спасов напомена дека Владата останува посветена на исполнување на нивните барања за да им обезбеди подобар стандард и достоинствен живот.

– Пензионерите се луѓето кои учествуваа во изградбата на оваа држава и ние, како помлада генерација, им должиме почит и посветеност во насока на реализирање на сите нивни барања и потреби, изјави Спасов по средбата.

Во текот на разговорите министерот ги информирал пензионерите за приоритетите на Владата во оваа сфера, а станало збор и за тековните и идни проекти на Сојзуот на пензионери.

Како што истакна министерот, ќе се разгледаат можностите за обезбедување центри за дневен престој на пензионерите и за претстојните летни пензионерски игри што треба да се одржат во септември.

Изразувајќи благодарност до Владата за досегашната соработка, претседателот на Сојузот на пензионерите Драги Аргировски нагласи дека само со добра комуникација ќе може да се решат актуелните прашања што ја засегаат оваа категорија граѓани.

Особено е важно, додаде Аргировски, да се изградат домови за пензионерите и центрите за дневен престој.

– Само ако бидат активни, пензионерите може да се чувствуваат како луѓе, да не бидат депресивни и меланхолични, потенцира претседателот на Сојузот, Аргировски.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна