Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

Од:

Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Факултетското студентско собрание на Стоматолошки факултет и Универзитетското студентско собрание на УКИМ, за првпат организира иницијатива со која на сите студенти на УКИМ им се нуди можност за бесплатни стоматолошки прегледи и интервенции.

Оваа иницијатива има за цел да го унапреди студентското здравје и да им обезбеди пристап до квалитетна стоматолошка нега, под надзор на врвни професионалци.

Студентите ќе можат да добијат бесплатен стоматолошки преглед и соодветни третмани, вклучувајќи санација на кариес, чистење на забен камен и други интервенции. Пријавувањето се врши преку следниот линк: https://forms.gle/hhyqZr6hJQVKY3Hm9.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие