Бесплатни часови по германски и италијански за социјално загрозените ученици од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“

Од:

Дечињата од социјално загрозените семејства од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“ од понеделникот започнаа да посетуваат бесплатни часови по германски и италијански јазик. Во организација на ова училиште од Општина Кисела Вода, 30-тина ученици кои имаат потреба од курсеви по странски јазик, а не се во можност да си го дозволат истото, посетуваат настава која волонтерски ја одржуваат професорот по германски јазик Владимир Алексовски и професорот по италијански јазик Владимир Андоновски.

Часовите се одржуваат во попладневните часови, два пати неделно, по германски јазик и еднаш неделно по италијански јазик. Наставата се изведува во просториите на ООУ„Кирил Пејчиновиќ“.

Оваа иницијатива е една од заложбите на училиштето да им се излезе во пресрет на потребите на учениците, на тој начин помагајќи сите да имаат еднакви можности за успешен образовен процес. Од таму најавуваат дека ваквата пракса ќе ја продолжат, со што уште еднаш ќе ја потврдат континуираната грижа за сите свои ученици.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода