Бесплатни билети за литургијата на папата може да се подигнат и утре пред Спомен-куќата на Мајка Тереза

Од:

Преостанати се мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од посетата на поглаварот на Католичката црква, литургијата на плоштадот „Македонија“ во Скопје што ќе се одржи на седми мај, соопшти Координативното тело за организирање на посетата на папата Франциск на Република Северна Македонија.

– Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и во текот на утрешниот ден, во перидот од 12 до 17:30 часот, на промотивниот штанд пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на улицата „Македонија“ во Скопје, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Трамп е критикуван поради фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која е облечен како папа