Бесплатна телефонска линија за повреда на избирачкото право

Од:

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска почна да функционира, а граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право за претстојните локални избори, чија кампања започна денеска. Бројот на којшто граѓаните можат да ги пријават неправилностите во предизборниот период и на денот на гласањето е 0800 54321.

Телефонската линија е финансирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а ќе функционира секој работен ден од осум до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Истовремено, потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

Имајќи ја предвид важноста на избирачкото право, Народниот правобранител Иџет Мемети ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека им е повредено ова право истото веднаш да го пријави.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме