Бесплатна крвна анализа за 100 социјално загрозени граѓани и изнемоштени лица од Карпош

Од:

Општина Карпош се приклучи кон хуманитарната акција на Лајонс клубот – Карпош, за бесплатна крвна анализа – крвна слика за вкупно 100 социјално загрозени граѓани и повозрасни, изнемоштени лица. Во просториите на урбаната заедница во Карпош 1, утринава, крвна анализа направија десетици наши сограѓани, а истата ја спроведе специјализиран медицински тим од лабораторијата „Авицена“.

На денешната акција присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој со гувернерката на „Лајонс“ Дистрикт 132 Македонија, Соња Бојаџиева размени повеќе предлози за идна соработка меѓу локалната самоуправа и „Лајонс“ клубот. Оваа хумана акција има за цел да обезбеди здравствена заштита и превенција на социјално ранливите категории на граѓани.

Би можело да ве интересира

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС