Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на Македонија.
– Согласно Одлуката на претпријатието, на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот. На 01.01.2022 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2022 година (понеделник) со вообичаено работно време, соопштува ПОЦ.
За време на божиќните празници на 06.01. (четврток) и 07.01.2022 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2022 година (сабота) со вообичаено работно време, се додава во соопштението на ПОЦ.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.