Бесплатен интернет во студенски домови во Скопје

Од:

Студенскиот парламент на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Вип Македонија ќе постави осум уреди за бесплатен пристап на интернет.

Уредите, како што информира денеска Студенскиот парламент, почетно ќе бидат поставени во реновираната читална во студентскиот дом „Гоце Делчев“ и распоредени во три кампуси на територијата на Скопје.

– Со овој чекор се бориме студентите во Македонија да ги изедначиме со европските студенти. А со тоа да им го олесниме нивниот образовен процес и да помогнеме во градењето младина која е движечка сила на ова наше општество. Продолжуваме понатаму, далеку од деструктивизмот, безрезервно вклучувајќи се во градење профил на студент од европски размери, се наведува во соопштението од Студенскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад