Бесплатен автобуски превоз за повозрасните граѓани и во недела

Од:

Од денеска сите повозрасни граѓани со навршени 62 години за жени и 64 години за мажи ќе имаат можност бесплатно да се возат во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и во недела. Потребно ќе биде само да ја покажат личната карта.

Одлуката ја донесе Советот на Град Скопје на седницата одржана на 19 февруари годинава, но со одложена примена до завршувањето на претседателските и парламентарните избори.

Повозрасните граѓани досега имаа можност бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“ во вторник, петок и сабота.

– Одлуката за бесплатен превоз и во недела, не само што ќе им биде од корист на повозрасните граѓани, туку и ќе го намали метежот во автобусите на ЈСП „Скопје“ во текот на работните денови, информира Град Скопје.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Се поместува возраста за пензионирање во Србија

Герасимовски: Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери