Бесими во официјална посета на Шпанија

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Кралството Шпанија.

За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Бесими ќе оствари средби со шпанскиот колега Педро Моренес Еулате и началникот на Генералштабот на Армијата на Шпанија, адмирал Фернандо Гарсија Санчез.

Посетата, која се реализира на покана на шпанскиот министер за одбрана, според соопштението, претставува значајна можност да се интензивираат билатералните средби со претставници на Шпанија, како и да се разговара за унапредување на билатералната соработка во полето на одбраната и безбедноста.

Имајќи предвид дека Шпанија е долгогодишна членка на НАТО и на Европската Унија, на средбите ќе стане збор за регионалната безбедност и стабилност, за придонесот кон глобалните мировни мисии и искуствата и научените лекции од нив, како и за евроатлантските интегративни процеси на регионот, особено на Република Македонија. Во тој контекст, министерот Бесими ќе информира и за реформските процеси во рамките на Министерството и на Армијата на Република Македонија, како и за центрите кои имаат пошироко значење, како армискиот полигон „Криволак“, се вели во соопштението.

Во рамки на посетата Бесими ќе ја посети и базата на шпанските копнени сили „Гуадарама“ близу Мадрид, каде ќе се сретне со командантот на пешадиската бригада „Гуадарама 12“, бригадниот генерал Фернандо Јосе Лопез.

Министерствата за одбрана на двете земји досега имаат потпишано три договори за билатерална соработка кои овозможуваат интензивирање на меѓусебните контакти преку упатување на припадници на АРМ на јазични курсеви во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори