Бесими во официјална посета на Хрватска

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе отпатува во официјална работна посета на Република Хрватска.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Бесими ќе се сретне со заменик претседателот и министер за надворешни и европски работи на Хрватска, Весна Пусич и со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. Бесими, како што е најавено, ќе биде примен и од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

На средбите се очекува, како резултат на традицијата на добри меѓусебни односи и соработката во многу области, да се потврди континуираната поддршка на Република Хрватска за членството на Република Македонија во ЕУ, како и во поглед на препораката од Европската Комисија за отпочнување преговори со Европската унија.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија